СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор
м-р Мишо Василевски
Тел: 3094-215
m.vasilevski@aa.mk
Ниво и звање: Б3 - Помошник раководител на сектор
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Сектор за селекција на кандидати за вработување

Работни цели: 
- промовирање и развој на систем за селекција на административен службеник, заснован врз компетенции;
- остварување соработка со институциите во јаниот сектор заради спорведување на постапки за селекција во јавниот сектор.


Работни задачи и обврски:
- помага во извршувањето на работи од делокруг на Секторот и во случај на отсуство или спреченост на раководителот на секторот го заменува истиот, врз основа на овластување од генералниот секретар / директорот на Агенцијата; 
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- изработува нацрт на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, план за обуки на Агенцијата, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Секторот;
- изработува процедури од делокруг на работа на Секторот во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Секторот.


Други посебни услови:
- познавање на општите прописи од административната област и други прописи од надлежноста на Секторот.

Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. 

Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки, Јавна управа и администрација или Образование.
- за нивото Б3 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на  Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување.


Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење;  и
- финансиско управување.