СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
УПР0101B01000 Советник
Сања Каровска
Тел: 3094-247
s.karovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за нормативно-правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор
Работни цели:
- обезбедување нормативно–правна поддршка при работењето на Агенцијата;
- остварување соработка со институциите во јавниот сектор;
Работни задачи и обврски:
- ги следи и применува прописите, со цел законито изготвување на општи и поединечни акти на Агенцијата;
- изработува општи и поединечни акти на Агенцијата;
- изработува нацрт иницијативи за изменување и дополнување на законски и подзаконски акти;
- дава стручна подршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап и за утврдување на материјалана одговорност на административен службеник;
- дава стручна помош и совети при изработувањето на договорите за јавни набавки за потребите на Агенцијата;
- остварува соработка со институциите во јавниот сектор во областа на нормативно-правните работи и развојот на административната служба;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;\
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.
Други посебни услови:
- познавање на номотехничките правила за изработување на прописи
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации и работно искуство, и тоа:
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Правни науки
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.