СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ


УПР0101В04000 Помлад соработник
м-р Весна Николова
Тел: 3094-227
v.nikolova@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за јавни набавки


Работни цели:
- навремена подготовка на документи за реализација  на јавните набавки


Работни задачи и обврски:
- помага при изработката на Годишниот план за јавни набавки;
- изработува огласи за јавни набавки во Агенцијата и ги објавува во електронскиот систем за јавни набавки;
- изработува одлуки за јавна набавка и за избор на најповолен понудувач;
- води евиденција за јавните набавки на Агенцијата по видови постапки;
- помага при изработка на тендерските документации;
- ја чува документацијата на завршените постапки за јавните набавки;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата. 


Други посебни услови:
потврда за положен испит за лица за јавни набавки 


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Економски науки,Правни науки или Политички науки
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.