СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ВО АА:
УПР0101Б01000 Државен советник
Агрон Сефери
a.seferi@aa.mk
Ниво и звање: Б1 - државен советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: генерален секретар
Работни цели:
- воведување и унапредување на систем на управување со човечките ресурси во Агенцијата, заснован врз компетенции;
- обезбедување на заштита на правата на административните службеници кои произлегуваат од службеничкиот однос и
- одржување и унапредување на системот на заштита на лични податоци во Агенцијата.
Работни задачи и обврски:
- го советува генералниот секретар и директорот на Агенцијата за решавање на најсложени прашања од областа на управувањето со човечките ресурси;
- иницира и предлага ставови и решенија, поврзани со управувањето на човечките ресурси во Агенцијата;
- изработува документи (информации, извештаи, програми и анализи) и мислења за прашања поврзани со управувањето на човечките ресурси во Агенцијата;
- изработува стручни мислења по закони, подзаконски и други акти, особено од аспект на управување со човечки ресурси;
- ги предлага, изработува и спроведува процедурите од делокруг на работа на Одделението за управување со човечки ресурси во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- ги координира активностите и изработува документи и поединечни акти во врска со системот за заштита на личните како офицер за заштита на личните податоци во Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош и совети на другите административни службеници во Агенцијата, како формален и неформален ментор;
- учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси.
Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и други прописи од работно законодавство
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б1 најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции, и тоа:
- за нивото Б1 преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување.
Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.