СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИ, ИНТЕРВЈУ И ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ
УПР0101Г04000 Помлад референт
Кристина Трајаноска
Тел: 3094-210
k.trajanoska@aa.mk
Ниво и звање: Г4 - помлад референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност
Работни цели:
-ефикасно и навремено спроведување на постапката за селекција
Работни задачи и обврски:
- ги применува прописите и општите акти за канцелариското и архивското работење;
- води евиденција за: спроведени испити, интервјуа и тестови на личност;
- ги известува кандидатите за спроведувањето на испити, интервјуа и тестови на личност;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско
- за нивото Г4 со или без работно искуство во струката;
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.