СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор
Маријана Трипуновска
Тел: 3094-243
m.tripunovska@aa.mk
Ниво и звање: Б3 - Помошник раководител на сектор
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Сектор за правни работи
Работни цели:
- соработка со институциите во јавниот сектор заради исполнување на обврски од посебните закони;
- обезбедување на заштита на правата на административните службеници кои произлегуваат од службеничкиот однос и
- координирање на процесот на воведување на стандардите и инструментите за управување со квалитет.
Работни задачи и обврски:
- помага во извршувањето на работи од делокруг на Секторот и во случај на отсуство или спреченост на раководителот на секторот го заменува истиот, врз основа на овластување од генералниот секретар / директорот на Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- изработува нацрт на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, план за обуки на Агенцијата, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Секторот;
- изработува процедури од делокруг на работа на Секторот во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Секторот;
- презема мерки и активности за воведување и одржување на системот на управување со квалитет и заедничката рамка за процена согласно стандардите за управување со квалитетот;
- изработува нацрт-стручни мислења по закони, подзаконски и други акти, особено од административната област и други прописи од работно законодавство;
- изработува нацрт-тужби, одговори на тужби и жалби во соработка со Државниот правобранител кога Агенцијата се јавува како странка во судската постапка.
Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и други прописи од работно законодавство
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б3 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување.
Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.