СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА


УПР0101B01000 Советник

Каљтрине Ќерими
Тел: 3094-223
k.neziri@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за спроведување на испити и интервју


Работни цели:
- квалитетен и навремен превод од македонски на албански јазик и обратно, за потребите на Секторот за селекција на кандидати за вработување како и за други потреби на Агенцијата;
- квалитетен и навремен превод од македонски на албански јазик на интернет страницата на Агенцијата. 


Работни задачи и обврски:
- врши превод од македонски на албански јазик и обратно, за потребите на Секторот за селекција на кандидати за вработување;
- врши усмен и писмен превод од албански на македонски јазик и обратно за потребите на Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- врши обработка на барање за објавување на јавен оглас;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови: /


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Хуманистички науки и уметности – јазици и литература
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.