РАБОТА НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

Комисијата на Агенцијaта одлучува во рок од 8 (осум) работни дена од денот на комплeтирање на предметот од страна на првостепениот орган. Доколку жалбата односно приговорот се доставени директно до Агенцијата за администрација, Комисијата ќе побара од првостепениот орган доставување на документацијата која е од битно значење за правилно решавање на предметот, согласно член 19 став (9) од ЗАС.

Првостепениот орган е должен во прилог на жалбата односно приговорот до Комисијата на Агенцијата да ја достави потребната документација која е од битно значење за правилно решавање на предметот.

По разгледување, доколку постои потреба, секретарот ја доставува жалбата односно приговорот, на одговор до првостепениот орган со барање податоци релевантни за правилно одлучување по предметот.

Првостепениот орган одговорот на жалбата, односно приговорот со дополнителните податоци релевантни за правилно одлучување по предметот ги доставува до Комисијата на Агенцијата најдоцна до три работни дена.

Комисијата на Агенцијата работи и одлучува на седница без присуство на јавноста, врз основа на расположливите писмени докази, почитувајќи ги начелата на професионална етика, непристрасност и објективност. Седницата ја свикува и со неа раководи претседателот на Комисијата на Агенцијата, најмалку два пати во неделата, а по исклучок заради итноста за постапување по одделни предмети може да се одржи и дополнителна седница.

При одлучувањето Комисијата на Агенцијата го испитува првостепеното решение во оној дел и од оние причини кои во жалбата, односно приговорот се изјавени. Комисијата на Агенцијата по службена должност внимава на суштествени повреди на одредбите на постапката и правилна примена на материјалното право.