АКТИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА
Комисијата на Агенцијата донесува одлука:
- за одбивање на жалбата, односно приговорот како неосновани и потврдување на
решението на првостепениот орган;
- за уважување на жалбата, односно приговорот и поништување на решението на
првостепниот орган и враќање на решението на првостепениот орган на повторно
разгледување и одлучување или
- самата, во случаи кога постапува по изјавена жалба против акт кој еднаш бил
поништен и вратен на повторно решавање.
Комисијата на Агенцијата донесува решение:
- за отфрлање на жалбата како ненавремена, нецелосна или недозволена;
- за отстапување на жалбата на друг надлежен орган и
- во други случаи кога не се одлучува за суштината на работата.
Комисијата на Агенцијата донесува заклучок:
- за запирање на постапката во случај на повлекување на жалбата, односно приговорот од подносителот и
- за дејствија што се превземаат во текот на постапката, а за кои не се донесува одлука, односно решение.