Одделение за одлучување по жалби и приговори на јавните службеници
Одделението за одлучување по жалби и приговори на јавните службеници ги врши следните работи:
- врши прием, евиденција и дистрибуција на жалбите и приговорите на јавните службеници, поднесени до Агенцијата;
- обезбедува стручно-оперативна поддршка за потребите на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
- остварува соработка со институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје, поднесени до Агенцијата;
- подготвува стручни анализи и информации за прашања од значење за работата на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на администртивните службеници;
- ги следи и применува на законите и другите прописи кои се однесуваат на јавните службеници;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа;
- соработува со другите одделенија во секторот;
- врши и други работи кои се во надлежност на одделението и секторот.
Работни места:
...Раководител на Одделение .за одлучување по жалби и приговори на јавните службеници
...Советник за одлучување по жалби и приговори на јавни службеници
...Советник за одлучување по жалби и приговори на јавни службеници
...Помлад соработник за разгледување и обработка на жалби и приговори на јавни службеници
...Помлад соработник за разгледување и обработка на жалби и приговори на јавни службеници