Учество на претставници од Агенцијата за администрација на обуката за Модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (HRMIS)

 

На покана на Министерството за јавна администрација на 17 октомври 2025 година, Агенцијата за администрација со свои претставници учествуваше на обуката за презентација на новиот Модернизиран систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), модернизирана верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (HRMIS).

На обуката беа презентирани новитетите на системот за управување со човечките ресурси со цел да се обезбедат целосни, точни и навремено ажурирани податоци за вработените и други податоци за институцијата имајќи го во предвид значењето на стандардизацијата на управувањето со човечките ресурси во јавната администрација.