Скопје, 31 март 2026 година



АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА претставувана од директорот д-р Љубица Караманди Попчевски од едната страна и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) претставуван од претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Агенцијата за администрација претставувана од претседателот на СО Маја Ивановска Стаменковски и Синдикатот на администрацијата државната управа и правосудство на Македонија (САДУ) претставуван од претседателот на Синдикатот на САДУ Благоја Ралповски и синдикалната организација на Синдикатот на САДУ при Агенцијата за администрација претставувана од претседателот Стефан Темков, од другата страна, на ден 31.03.2026 година склучија КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА.

Со потпишувањето на Колективниот договор се уредува статусот, правата, обврските и одговорностите на Агенцијата за администрација како работодавач и на вработените во Агенцијата.

Согласно Колективниот договор, административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази:

  • 7% зголемување  од 1 март 2026 година;
  • 7% дополнително зголемување  од 1 март 2027 година;
  • 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Овој Колективен договор ги уредува и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во Агенцијата, платата, додадоците на плата, надоместоците на плата и други примања кои ќе се применуваат веднаш по неговото потпишување.