Учество на Агенцијата за администрација на ЈАВНА ДИСКУСИЈА „ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗНАЕЊЕ – ПАТ КОН ПОЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА“, Воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на административните службеници


На покана на Министерството за јавна администрација во партнерство со Центарот за управување со промени (ЦУП) и поддршка од Француската Амбасада во Скопје, директорот на Агенцијата за администрација, д-р Љубица Караманди Попчевски, учествуваше на Јавната дискусија „Инвестиција во знаење – Пат кон поефикасна администрација“, која се одржа на 28 октомври 2025 година во Хотел „Александар Палас“, Скопје.

На панел дискусијата беше презентиран моделот на ENA/INSP и други меѓународни искуства за формирање на академии и нивното знаење за развојот на стручна и професионална администрација, како и добрите практики во организацијата и спроведувањето на континуираната едукација и националните приоритети за воспоставување на Академијата за обука и усовршување на административните службеници и искуствата за начинот на функционирање на Академии за обука во Република Северна Македонија.

На работната сесија учествуваше Неда Даниловска, раководител на Одделението за управување со човечки ресусурси во Агенцијата за администрација, на која беа разгледани моделите за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, преку презентација на најдобрите домашни и меѓународни практики, но и препознавање на клучните предизвици во однос на организацијата и работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници.

На работната сесија од страна на претставниците на институциите беа презентирани предлози и идеи кои ќе придонесат за успешен процес на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници за поквалитетна јавна администрација.