Генералниот секретар на Агенцијата за администрација на студиска посета во германско-данската погранична област, Фленсбург, СР Германија


Генералниот секретар на Агенцијата за администрација, Андријана Јанкуловска Ангеловска, учествуваше на студиска посета на германско-данската погранична област, Фленсбург, СР Германија во периодот од 1 до 6 март 2026 година, организирана од Форумот на немнозинските заедници, со цел запознавање со добри практики во областа на заштитата и унапредувањето на правата на малцинствата, како и нивната институционална застапеност.

Преку размената на искуства со релевантни институции и организации се стекнав со нови сознанија за начините на интеграција, образовни политики и културна промоција на заедниците. Особено значајно беше согледувањето на улогата на институциите во обезбедување еднаков пристап до права и услуги за сите граѓани, како и важноста од континуирана соработка помеѓу државните органи и граѓанскиот сектор.

Воедно, посетата претставува значајна основа за понатамошно развивање и продлабочување на меѓународната соработка во областа на заштитата на правата на заедниците.