КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На ден 11.12.2015 година(петок) со почеток од 13.30 часот, во просториите на Агенција за администрација  се оддржа информативна средба за вработените во Агенцијата на која присуствуваше  Д-р Розмари Каламарас, претставник од Јавната здравствена установа Институт за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија, доктор кој оперативно работи во делот на спроведување на крводарителските акции на градот Скопје, координатор за планирање, организација и мотивација на крводарителството во Одделот за планирање, организација и мотивација на крводарителството.

Во текот на информативната средба вработените од Агенција за администрација се стекнаа со основните но и круцијални сознанија во однос на процесот на дарување на крв, кои се индикациите од дарувањето на крв како и за тоа кои лица би можеле да бидат потенцијални крводарители.

На вработените во Агенција за администрација им беше поделен „Прашалник за дарителот на крв/согласност за дарување крв“.

Во Агенција за администрација беше спроведена крводарителска акција за вработените во Агенцијата. Крводарителската акција се оддржа на ден 21.12.2015 година (понеделник) во период од 09.00 до 12.00 часот.