Согласно надлежностите утврдени во член 7 став (3) од Законот за државните службеници Агенцијата за администрација дава писмена согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната и локалната власт и другите државни органи, основани согласно со Уставот и со закон.

Постапката за добивање писмена согласност започнува со поднесување на барање до Агенцијата за администрација од страна на органот на државната или локалната власт. Кон барањето се доставува и актот за кој се бара согласност, а кој е претходно донесен од страна на функционерот кој раководи со органот.

За постапување по барањето е надлежно Одделението за согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, кое, согласно внатрешно воспоставените процедури за работа во Агенцијата за администрација, е должно да постапи по поднесеното барање во рок од 20 дена од приемот на барањето.

Со цел добивање писмена согласност од Агенцијата за администрација, доставените акти за внатрешна организација и/или систематизација треба да бидат усогласени со повеќе законски и подзаконски прописи:

-Закон за државните службеници,
-Закон за организација и работа на органите на државната управа,
-Закон за локалната самоуправа,
-Законот за јавна внатрешна финансиска контрола,
- други посебни закони со кои се регулира материја поврзана со државната служба,
-Уредба за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа,
-Уредба за описот на звањата на државните службеници,
-Правилник за содржината и начинот на подготвување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места,
-Класификација на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната фраскатиева класификација.

Во продолжение се достапни повеќе документи кои можат да придонесат за полесно снаоѓање на органите при подготвувањето на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места:

-Модел за подготовка на правилник за систематизација на работни места
- Стандардизирани описи на работни места во Одделение за управување со човечки ресурси
- Стандардизиран опис за работно место „упатување на граѓани/странки“
- Стандардизирани описи на работни места во Одделение за финансиски прашања
- Стандардизиран опис на надлежност на Сектор за финансиски прашања
- Стандардизиран опис на надлежност на единица за внатрешна ревизија
- Стандардизирани описи на работни места во единица за внатрешна ревизија