Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барањето може да се поднесе усно, писмено и електронски. Барањето може да биде пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Барање за пристап до информации од јавен карактер-pdf формат
Барање за пристап до информации од јавен карактер-word формат
БАРАЊА И РЕШЕНИЈА НА АГЕНЦИЈАТА КАКО ИМАТЕЛ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА 2025 ГОДИНА
БАРАЊА И РЕШЕНИЈА НА АГЕНЦИЈАТА КАКО ИМАТЕЛ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА 2024 ГОДИНА