Почитувани кандидати,

Ве известуваме дека Агенцијата за администрација повторно подготви 100 нови и ажурирани прашања за испит за државен и јавен службеник.

Напомена: Со цел Ваша навремена информираност и подготовка, новите и ажурирани прашања ќе се применуваат на испитите за државен и јавен службеник, почнувајќи од 1 јуни 2013 година.

Соопштение за кандидатите кои ќе полагаат испит за државен, односно јавен службеник

Соопштение за кандидатите кои ќе полагаат испит за државен, односно јавен службеник

Како што Ви е познато, прашањата за полагање испит за државен, односно јавен службеник се објавени на веб страницата на Агенцијата за администрација. Овие прашања се подготвени во согласност со Програмата за полагање на испит за државен, односно јавен службеник.

Агенцијата за администрација во континуитет води грижа за благовремено ажурирање на прашањата и одговорите.

Ве молиме при подготовката за испитот за државен, односно јавен службеник и при утврдување на точниот одговор да се придржувате кон посочениот извор, наведен под секое поединечно прашање и понудените одговори.

Вашите сугестии и забелешки се секогаш добродојдени и придонесуваат кон поуспешни резултати, како за Вас така и за Нас.

Со почит

Прашања за полагање на испит за јавни службеници