Известувања за полагање на испити
Сакајќи да ја подобриме транспарентноста и навремената информираност на кандидатите кои се пријавуваат на јавен оглас за вработување во јавната служба, Агенцијата за администрација Ве известува за следната новина во своето работење:
Отсега, покрај известувањето по СМС на вашиот контакт телефон или на вашата електронска адреса ТЕРМИНИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК ќе бидат објавени тука
Напоменуваме дека ова известување нема да се однесува на:
- неуредните кандидати;
- кандидатите кои имаат валидна потврда (не постара од 2 години од денот на издавањето) за положен општ и практичен дел од испитот за јавен службеник, со освоени максимален број на поени (30);
- кандидатите кои го имаат положено општиот и практичниот дел од испитот за јавен службеник, а немаат освоено максимален број на поени, но притоа не сакаат да се откажат од стекнатата потврда, односно не сакаат да го преполагаат испитот;
2015 година - Сите испити се одржуваат во просториите на Агенција за администрација
Термини за испити за јавни службеници:
Ве молиме да се придржувате до термините кои сте ги добиле на електронската пошта или СМС.